Политичките партии за 10 дена и официјално ќе ја започнуваат кампањата "за", "против" или "тивок бојкот" на претстојниот референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 6:06

БЕСА на Касами со сопствена кампања “за” референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Крилото на БЕСА на Билал Касами нема да се приклучи кон заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот. Тие најавуваат посебна кампања со која ќе ги мотивираат гласачите за поддршка на референдумот.

“Ние како БЕСА уште од почетокот кажавме дека сме за успех на референдумот. Бевме и остануваме една од главните опозициски партии и јасно кажавме дека ќе работиме за успех на референдумот. Во тој дел ќе бидеме во координација со сите политички партии кои сакаат да успее референдумот и Македонија да биде дел од евроатланските интеграции,” – рече Касами.

Тој додаде дека истовремено како политичка партија ќе работат да ги мотивираат опозициските гласачи, особено Албанци за да успее референдумот.

“Свесни сме свесни дека во моментот е многу важно да се постигне цензусот на референдумот и затоа со своја кампања ќе ги мотивираме гласачите.” – рече Касами по лидерската средба што се одржа во хотелот „Холидеј Ин“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.