Јавноста ја познава како црнка со куса коса во семејна идила со своите родители и помалата сестра, кои според обвинителството во Гостивар, ладнокрвно ги убила со по еден куршум во главата. Но на денешното судење Блерта се појавила со својот вистински идентитет блондинка со очила.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2019 18:18

Блерта Поцеста денеска беше однесена во судот во Гостивар, одбраната тврди не ги убила родителите и сестрата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото 24 инфо

Блерта Поцеста e 29 годишната девојка која изврши ладнокрвно убиство на тројца членови на семејството Поцеста во Дебар,објави порталот 24инфо.

Јавноста ја познава како црнка со куса коса во семејна идила со своите родители и помалата сестра, кои според обвинителството во Гостивар, ладнокрвно ги убила со по еден куршум во главата. Но на денешното судење Блерта се појавила со својот вистински идентитет блондинка со очила.

Сега младата Берта ќе треба да одговара дали станува збор за ладнокрвен убиец или манипулатор кој успеал да ги измами и полицијата и „помагачите“.

Екипа на 24 Инфо присуствуваше на судењето и објави ексклузивни фотографии од обвинетата девојка.

Инаку 29 годишната Блерта денеска беше донесена во гостиварскиот суд каде почна судскиот процес против неа и Ферди Гаши од Гостивар и Веап Клобочишта, кои се обвинети дека и помогнале во извршување на злосторството.

Според Основното јавно обвинителство Гостивар, Блерта со умисла ги убила своите родители Амит (56) и Назмие (53), како и 14 годишната сестра Анила во семејната куќа во Дебар на 26.08 2018 година.

-На 25.08. Блерта во Гостивар се сретнала со Гаши каде изнајмиле автомобил „сеат леон“ од рентакар агенција за два дена. Тој ја прашал „зошто ти треба пиштол“, а таа му одговорила „сакам некого да убијам“. „Нема проблем, имам човек, има пиштол, бомба, калашников“ рекол Гаши ѝ се пофалил дека има и човек од граница кој може да го изврши убиството. Таа му дала 700 евра за пиштолот. Кога стигнале во Дебар, Гаши се сретнал со вујко му Клобочишта, на кој му рекол дека му треба пиштол, по што се вратил во автомбилот и откако се возеле одредено време низ градот, пак се сретнале со вујкото во близина на градската болница и му го дал оружјето, со црна рачка и рамка со пет куршуми, завиткан во кеса. Гаши му дал 400 евра и со Блерта трганел кон Струга. Во близина на Дебарско Езеро, Гаши излегол од колата и пиштолот го ставил во појасот, по што се вратил зад воланот и продолжил да вози кон Струга. Кога излегле од Дебар, тој пак застанал и пиштолот го ставил под хаубата, односно во внатрешноста на моторот. Кога стигнале во Стурга Гаши го извадил пиштолот од моторот и го ставил под совозачкото седиште. Двајцата потоа заминале во изнајмен апартман. Блерта околу 24 часот излегла од собата без да му каже на Ферди и со автомобилот заминала за Дебар. Таму стигнала околу 2 часот и чекала да се раздени. Околу 4 часот влегла во куќата и се качила на спратот, по што во спалната соба ги застрелала Амит и Назмие со по еден куршум во главата, а потоа влегла и во детската соба и на идентичен начин ја застрелала и Аниле. Потоа со автомобилот се вратила во Струга и му го дала клучот на Ферди, кој не бил во собата. Потоа со такси заминала за Скопје, каде во 13 часот одлетала за Венеција, изјави обвинителот во воведните зборови.

Од него слушнавме дека пиштолот бил НН марка со куршуми во калибар 7,65 милиметри, но не го слушнавме мотивот за убиството. Тој рече и дека чекаат од Италија докази кои се битни за случајот.

ИЗВОР ИНФО24

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести