Богојески значи се согласува со промена на името, држава на две нации, двојазичност на национално ниво и негирање на идентитетот, што се основни барања за членство во НАТО?

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 7:26

Богојески: “Во НАТО мораме во првата половина од 2019-та”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Петар Богојески го искритикува планот на Владата за пристапниот процес во НАТО, според кој се формираат Комитет за интеграција во НАТО, Работен комитет за интеграција во НАТО и Секретаријат за оперативен логистички план.

Националниот координатор на НАТО, Стево Пендаровски вчера изјави дека според оваа стратегија Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО во првиот квартал од 2020 година.

Ова за Богојески е бирократизација на процесот и може да се спроведе многу поедноставно и поефикасно, доколку се следи патот на државите кои пред нас станале членки на НАТО.

-Бирократизацијата на пристапниот процес на РМ во НАТО, преку создавање на целосно непродуктивен и бирократиозиран систем на некакви политички и извршни комитети и плус некакви секретаријати, премногу наликува на оние петтолетки од СФРЈ. А што друго да се очекува од левица, освен празна дебата и непродуктивен и нефункционален систем. СДСМ измислува топла вода. Пред нас многу земји членки на НАТО го поминале истиот пат. Се што ние треба да направиме е да ги земеме нивните искуства, а не да измислуваме процедури и структури, без капацитет за реализација на финалниот процес, вели Богојески.

Според него, Македонија мора да биде членка на НАТО најдоцна до средината на 2019 година.

-Слушнавме дека тек сега ќе започне процесот на детализација на условите за НАТО членство. Господа, до сега тие требаше да бидат средени, па да не зборуваме за детализирани. Загрижува непознавањето на пристапните процеси и одлагањето на членството за 2020 година. Процесот на ратификација може да заврши од 3 до 6 месеци. Први тоа треба да го направат Грција, а САД да даде силен импулс кон сите парламенти на земјите членки. Македонија мора да биде земја членка на НАТО најдоцна во средината на 2019 година. Политичките и безбедносни услови на Балканот го налагаат тоа. Македонија има национален интерес тоа да се случи ден поскоро. Нема веќе време за одлагање. Престанете со празни флоскули и создавање на непродуктивни владини тела. Започнете конкретно да работите, порача Богојески.

Богојески овој пат беше конфузен затоа што не објасни како планира Македонија да биде членка на НАТО? Дали ги прочитал политичките барања на НАТО и дали се согласува со нив? Во нив НАТО бара целосна импелементација на Договорот за промена на името со Грција, Законот за употреба на јазиците на национално ниво и воведување на држава на две нации?

Можеби Богојески се согласува со сето тоа?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.