"Реформаторот" Петар Богојески, синоќа со одлука на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ е сменет од високата партиска функција, заменик генерален секретар

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 6:12

Богојески “лета” од партиската функција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Реформаторот Петар Богојески синоќа е разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ.

Одлука ја донел Извршниот комитет на партијата.

Официјалното образложение кое за медиумот е дадедно од партијата е дека Богојески е сменет поради непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела.

Во информацијата стои дека Богојески е само разрешен, но не и исклучен од партијата.

Петар Богојески е член на ВМРО – ДПМНЕ. Беше еден од т.н. предводници за реформи во партијата која почна во времето на Никола Груевски.

Едно од барањата на реформаторите беше да се извршат статутарни измени за извршниот комитет на партијата да не може да поставува и разрешува членови на централниот комитет.

Богојески последните месеци настапуваше спротивно партиските одлуки но секогаш како партиски функционер. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.