Јорданов во својот исказ открива дека направил и кривично дело "индустриска шпионажа" со ангажирање новинар за нелегална набавка на информации за финансиски профит

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 11:59

Божиновски го уценувал Јорданов со текстови дека тргува со органи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште за случајот “Шпион” истакна дека на новинарот Зоран Божиновски му дал 5 илјади евра за добивање на информации од компании кои тој сакал да ги откупи.

Меѓута како што тврди Јорданов, Божиновски иако не му ги дал потребните информации, барал дополнително пари, тврдејќи дека вложил многу труд во истражувањето на сопствениците, како и соработниците на тие компании.

Зоран Божиновски, самопрогласен новинар, кој води сопствен портал и на кој објавува скандали и афери со документи кои ги добива од актуелната власт, поранешна опозиција, За неговото делување за него има низа судски процеси.

Бидејќи имав интереси во повеќе компании, мене ми беа потребни податоци за тие фирми, за тоа дали се во процес на приватизација, како и одредени информации за партнерите, информации кои можат да го рашират и зајакнат бизнисот.

Затоа ми требаше некој човек, а некои од моите пријатели, не знам кој точно, ми го препорача Зоран Божиновски.

Му дадов 5.000 евра на Божиновски за да направи аналитичко истражување, но за жал се покажа дека таа анализа беше подолу од било каков кафански муабет, без факти и поради тоа прекина нашата соработка, истакна Јорданов.

Оваа соработка била склучена во 2010 година, иако не потпишале никаков договор. Според Јорданов, откако завршила оваа соработка, Божиновски почнал да објавува текстови на својот портал, меѓу кои е и аферата за нелегалната продажба на органи.

*Минчо Јорданов е роден во Штип на 1 јули 1944 година и е македонски бизнисмен и политичар.

Дипломирал на Технолошко металуршкиот факултет во Белград 1968 година. Зборува руски и англиски јазик.

Од лево кон десно, Владо Бучковски, поранешен пратеник, министер и премиер од СДСМ, обвинет за корупција, Љупчо Зиков, економист, бизнисмен, потенцијален кандидат за директор на МЕПСО, место кое го одбил и Минчо Јорданов. Фотографирани на основањето на сопствена политичка партија која денес е дел од СДСМ.

Од 1992 година е ангажиран во “Дуферко” С.А. од Лугано, компанија која работи во сферата на челичниот сектор. Од 1994 година е член на Бордот на директор на оваа компанија и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз.

Од 1997 година е претседател на Одборот на директори на “Макстил” АД Скопје и член на Бордот на “Дуферко” од каде доаѓа во новата влада. Од 1989 до 1992 година е директор на претставништвото на “Технометал-Вардар” во Москва, а претходно од 1983 година генерален директор на Рудници и железарница “Скопје” – Скопје.

Во владата на Владо Бучковски, ја извршуваше функцијата заменик претседател на владата задолжен за економски систем. Во Ноември 2013 година беше еден од основачите на Алијансата за позитивна Македонија.

Јорданов е сопственик на винаријата Стоби, Бетон, Факом, Ремедика и на весниците Нова Македонија и Капитал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.