Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ

Објавил: Македонка Димкин | 21 ноември, 2019 10:16

Боки Тредичи дури 25 пати бил на болница од кога е во притвор?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Надзорот, како што посочуваат од ДСЗИ следел по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.

Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16 јули, при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16 јули до 13 ноември за

Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски, познат како Боки 13, беше уапсен на 17 Јули 2019 на  еден од граничните премини во земјата, а информацијата беше објавена речиси во исто време се објавата дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднела неотповиклива оставка, која, како што се истакна, ќе важи откако партиите ќе договорат ново решение за СЈО и ќе изберат евентуален наследник на функцијата за што, меѓу другото, премиерот Зоран Заев за закажа лидерска средба на која покани претставници на сите парламентарни партии.
Јанева се повлекува од челното место во специјалното јавно обвинителство, по неполни четири години на функцијата, со образложение дека не сака да дозволи нејзиното име да биде користено за меѓупартиски пресметки. Деновиве катица Јанева под сомнителни околности беше пуштена од „притвор„ 

пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи, при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциерно ниво (болнички здравствени установи), информираат од ДСЗИ.

При тоа, како што се наведува, упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.

Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ, стои во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.