Прва прес-конференција откако излезе од затвор

Објавил: Калина Мартинска | 19 април, 2024 19:13

Боки 13: „Рекет“ не е завршен, Заев влијаеше врз многу судски постапки

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и брза судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз“.

Ова е прав изјава откако тој доби прекин на издржувањето на затворска казна за „Рекет“ поради здраствени причини Јовановски за „Рекет“ е осуден на затвор од 9 години, но вели за него овој случај не е решен, а парите, над милион евра кои беа дел од оваа постапка и кои никогаш не беа најдени, Боки 13 тврди дека Русковска и Камчев знаат знаат каде се.

„Меѓународен сојуз е укинат и се надевам и барам само фер судска постапка. Јас моментално сум лице кое е правосилно осудено, но кое доби прекин на издржување на затворската казна поради здраствени причини. Не сакам мојот изглед да биде злоупотребен и јавноста да зборува дека не ми е ништо, туку за моето лошо здравје јас имам целосна документација. Имам индикации дека најверојатно ќе треба да се прави уште некоја интервенција и вакво нешто не посакувам никому“, рече Јовановски.

За него случајот „Рекет“ не е расчистен , иако тој има правосилна судска пресуда.

„Рекет не е расчистен, јавноста мора да дознае што се случувало. Зоран Заев тврди дека знаел за Рекет во смисла дека го бранел законот. Заев беше човекот кој комуницираше дирекно со овие лица и беше човек од позиција на моќ кој можел да влијае, тој е се само не човек кој го бранел законот. Заев изврши влијание за Јордан Камчев да го добие пасошот назад и за тоа имам докази. А за парите од „Рекет“ Русковска и Камчев знаат каде се. Русковска со овој предмет си направи себепромоција. Таа прво тврдеше дека парите се во мојот дом, па потоа сум ги потрошил на мојата телевизија 1 ТВ, за на крај да каже дека се потрошени на гардеробата која сум ја носел, а ми беше запленета. Тоа се три различни изјави. Русковска зборуваше онака како ќе ѝ се погодеше денот, а не со аргументи.“, додаде Боки 13. За фамозната торба Луи Витон во која се гледаше како Камчев му ги пакува парите на Боки на видео кое беше дел од доказите, бизнисменот на суд во текот на постапката во времето кога се судеше „Рекет“ изјави:

„Не може да биде во торба Адидас, нема да личи. Му ги спакував во торба Луј Витон оти он многу го љуби тој бренд. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“.

Во изјавата го спомена и Зоран Милевски Кичеец кој беше дел од „Рекет“, но кој призна вина и доби затвор од 3 години. „Зоран Милевски призна вина и го отвори патот за осудителна пресуда. Да го прашање Кичеец денес што признал, тој нема да знае што признал. „Рекет“ не е јасен случај. За овој случај стоеше политичка контелација и тоа се лица кои и денес имаат позиција на моќ и функција“, дополни Јовановски

Тој рече дека иако е цивилен граѓанин, сепак му се судело за службено дејствие. Се спореди со Мијалков и Груевски кои биле судени исто така за член 359 од КЗ, но како што рече тие двајца биле судени како службени лица, а тој суден исто за службено дејствие, но како цивилен граѓанин. За престојот во затвор Јовановски кажа дека бил активен со писма толку колку што можел и дека стои зад сите реченици кои ги напишал во писмата испратени до јавноста. Побара од Обвинителството да му одговорат до каде се кривичните пријави кои тој ги поднел, а кои се однесуваат на лица кои му се заканувале.

Призна дека и сега има притисоци и закани, но рече дека ќе остави службите тоа да го решат. Бојан Јовановски излезе од затворот во Идризово кон крајот на минатата година со барање за прекин на издржување на правосилна судска пресуда поради влошено здравје.

Јовановски тврди дека Заев е се, само не човекот кој го бранел законот

„Пред овој суд е повторно дадено известието од вештото лице професор Орце Симов, кој е вештак по ај-ти технологија и се работи за мојот телефон. Го доставивме повторно како доказ поради тоа што во случајот КОК 49/20 – ‘Меѓународен сојуз“ ми беше даден некаков екстерен хард диск и сега судот може многу полесно да го прибави тој материјал да го извештачи согласно одредба од Законот за кривична постапка (ЗКП) и да тргнеме во една постапка каде што ќе се видат не само селектираните докази што ги презентираше (Вилма) Русковска. На пример, од Бојан Јовановски и Зоран Заев се презентираа само две-три пораки. Од тие две-три пораки излезе дека Зоран Заев знаел за рекет но во една позитивна, афирмативна смисла, дека тој е човекот што го бранел законот. Тој е сè само не е човекот што го бранел законот“, рече Јовановски.

Говорејќи во таа насока, тој рече дека Зоран Заев бил човекот што, според тврдењата на Јовановски, комуницирал директно со сите лице што биле кривично засегнати во постапките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Зоран Заев беше човекот на позиција на моќ којшто имаше реален авторитет и со којшто можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки. И на крајот Зоран Заев е човекот којшто изврши влијание целосно да му биде вратен пасошот на Јордан Камчев (во случајот ‘Империја’) за она што сум јас осуден. Тоа го имам како материјален доказ“,изјави Бојан Јовановски.

Во најголемиот затвор во државава тој ја издржуваше затворска казна за „Рекет“, а во ќелија мина 4 години. Сега го чека ново повторено судење за „Меѓународен сојуз“ бидејќи Апелацискиот суд неодамна ја укина пресудата за овој предмет и го врати на почеток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.