Бојаџи на суд затоа што снимил филм, премиерот оценил дека треба да се цензурира затоа што ја говори вистината, синот на Тозија не знае дека татко му е иницијаторот на прогонот

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 10:17

Бојаџи: Ќе ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Денес во 11 часот во Основниот суд 2 во Скопје на рочиште за цензура за филмот “Ругање со Христа” е повикан режисерот Јани Бојаџи.

Имено и покрај најавите дека нема да има цензура, вчера до режисерот Јани Бојаџи и официјално била врачена поканата за да се појави на рочиштето за изрекување на забрана за прикажување на неговиот филм “Ругање со Христa”.

Поканата за присуство на рочиштето доаѓа по предлог на државниот правобранител, по барање на министерот за култура за забрана на прикажување на филмот поради, како што тврди Министерство за култура, говор на омраза во одредени сегменти од филмот.

Јани Бојаџи за ова на својот ФБ напиша:

Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,”Ругање со Христа”!

Драги мои фашисти!

Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата!

Синоќа на социјалните мрежи се огласи и режисерот Вардан Тозија кој по 10 дена сака на колегата Бојаџи, прашува дали има барем малку вистина во информацијата дека е можно да се забрани филм. Прашањето можеби требаше да го упати кон својот татко Горјан Тозија кој како директор на агенцијата за филм прв предложи забрана за прикажување на филмот “Ругање со Христа” на предлог лично од премиерот Зоран Заев.

О, неразумници!

Вие мене ми го забранувате правото да работам, да заработам и да живеам! Вие мене ми го одземате правото на живот! Ова продолжува веќе два месеци! Јас сум уметник. Работник. Пролетер. Не поседувам средства за работа. Не поседувам недвижности. Ако не работам не можам да си платам ќирија, струја, вода, данок. Ако не работам не можам да си го прехранам семејството!

О, несреќници, вие мене ме убивате! Ова е истребување! Вие мене утре ме судите на глад и на смрт! Се молам за вашиот разум и за благост во вашето срце кога ќе ме судите! Се молам за вас и теперам од страв оти не знам до кога јас ќе бидам разумен и благ со вас, о мои обвинители и судии!

Вие утре ми судите мене, ама ќе си пресудите себе си. Оти ќе останете запаметени по тоа дека судите за нешто што не сте го виделе, а тоа е пострашно и ако лажно да сведочите!

Драги мои фашисти,

Јас знам дека по природата на тоа што сте – тирани и безумници, ќе го направите она што веќе сте го направиле во минатото! Таква си е нотропијата на фашизмот – ќе го излеете бесот и немоќта на улица и на невините, и ќе завршите под урнатините!

Но, ете, по не знам кој пат ви кажувам: не ви се плашам! Јас сум партизанско дете и немам друг избор освен да востанам, да се борам со вас и да ве победам. Знам. Така е тоа со слободата – треба да си ја заслужиш!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...