И од Тричковски ако - претерано е, поранешниот новинар и партиски активист на СДСМ на социјалните мрежи, јавно повика за убиство на Христијан Мицкоски

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 7:02

Бранко Тричковски повика за убиство на Христијан Мицкоски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако се повика македонската јавност но и општествено политичкото милје во државата да прекине со говорот на омраза, поранешниот новинар и партиски активист на СДСМ, Бранко Тричковски преку социјалните мрежи повика за убиство на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тричковски на ФБ пост напиша:

Кил Миц

Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“

Тричковски, кој се смета за гласот на СДСМ и власта на Заев, ниту досега не се воздржувал да упати јавни закани и повици за ликвидација на членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО – ДПМНЕ, но обвинителството, ниту Јавното ниту Специјалното, не собрале храброст да отворат случај по допрен глас.

Дали после ова ќе ОЈО ќе отвори случај за јавните закани и повици за ликвидација на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски или Бранко Тричковски спаѓа во групата гласноговорници на власта кои се над законот?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.