Империјата на Арабаџиеви, по која беа познати како најбогатите Бугари во светот, се распадна од криминал, кој не сакаа да го поделат со Борисов

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 6:15

Бугарските хотелски магнати Арабаџиеви обвинети за перење пари и затајување данок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело пријави против шест лица обвинети за перење пари. Според обвинението, еден од нив е Велчо Арабаџиев, син на бизнисменот Ветко Арабаџиев, кој е притворен на 72 часа.

Велчо Арабаџиев, син на хотелските магнати Ветко и Маринела Арабаџиеви.

По таткото Ветко и мајката Маринела се трага со меѓународна потерница.

Обвинителите тврдат дека компанијата на Арабаџиеви испрала или проневериле најмалку 5 милиони евра, пред се преку луксузните хотели Марица во Пловдив и Маринела во Софија – поранешниот Јапонски хотел Витоша Њу Отани и Кемпински Хотел Зографски.

Во полициската акција биле запленети и шест луксузни возила, како и пари во готово кои биле чувани во сефови и куфери.

Водечката компанија на семејството пријавувала промет од 1.000 евра годишно, а реалниот промет бил над 600.000 лева, тврди заменик обвинителот Кирил Пејчинов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.