За Нова Година не претерувајте со прејадување и алкохол.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 декември, 2019 11:17

ВАЖНА ВЕСТ : Овие поликлиники во Скопје ќе бидат дежурни за новогодишните празници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За новогодишната ноќ во главниот град ќе бидат дежурни неколку поликлиники. 

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, известува дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Внимавајте со исхраната и алкохолот за новогодишната ноќ. Празниците често се замка за прејадување и претерано пиење.

Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

За Нова Година не претерувајте со прејадување и алкохол.

Лекарите и нутриционистите апелираат до граѓаните за време на празниците да водат сметка и да не западнат во замка на прејадување и претерување со пиење, посебно на оние кои постат и кои, после неколку недели, за Божик ќе јадат мрсна храна.

Придржувајте се до строгите секојдневни правила и водете сметка исхраната да биде редовна, умерена и разновидна.

Оние кои постат треба да внимаваат на преминувањето од посна на мрсна исхрана. Никао немојте нагло да започнете со јадење мрсна и тешка храна доколку сте постеле, бидејќи тоа го оптоварува желудникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести