Снимка протече и од Заев кога го уценуваше Грујо и кога бараше поткуп, па после не се важеа зошто процуриле.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 август, 2019 11:26

ВАНКОВСКА: “Ај малку смањите доживљај со видеото од денес”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од надзорни камери, на која се гледа како Зоки Кичеец и Боки 13 земаат рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денес објави видео од моментот кога бизнисменот Јордан Камчев им исплаќа дел од парите на Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои се осомничени во случајот „Рекет“.

Професорката Билјана Ванковска се огласи со коментар на социјалните мрежи, веднаш откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка на која се гледа како Кичеец и Боки 13 земаат рекет од Камчев.

Ај малку смањите доживљај! Снимка протече и од Заев кога го уценуваше Грујо и кога бараше поткуп, па после не се важеа зошто процуриле, напиша Ванковска.

Видеото започнува со пребројување на парите, вкупно 1,5 милиони евра, кои бизнисменот Орце Камчев како прва рата му ги исплаќа на Бојан Јовановски.

Парите се спакувани во торби кои потоа Јовановски и Милевски ги изнесуваат од домот на Камчев кој ги испраќа до излезната врата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.