Нивото на Вардар и во делот од Демир Капија до Гевгелија е на високо ниво, информираат од регионалниот центар за управување со кризи од Струмица. Нивото на реката Вардар кај Демир Капија синоќа било 260 сантиметри, што е за околу 30 сантиметри повеќе од утринското мерење.

Но, од ЦУК Струмица велат дека засега нема опасност од излевање во долниот дел од течението, од селата Удово, Марвинци и Гевгелија, бидејќи за да дојде до тоа, како што велат, нивото треба да се зголеми на 350 сантиметри.

Од регионалниот ЦУК од Прилеп велат дека има оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на улицата „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата. По утврдувањето дека тоа претставува опасност за непретпазливи минувачи и евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила, од ЦУК Прилеп велат дека го известиле ЈП „Водовод и канализации – Прилеп“ и од нив е побарано веднаш да се изврши обележување на местото за да се предупредат минувачите, а и возачите, да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2023 10:26

Вардар надмина три метри кај Демир Капија, водостојот зголемен на сите мерни станици

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Според УХМР, нивото на водата расте и на Пчиња, Црна Река, Струмица и на други водотеци, а во текот на денешниот и утрешниот ден има тенденција и за зголемување на водостојот

Утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на реката Вардар во 07:30 часот највисоко е во Демир Капија и изнесува 308 сантиметри. Високо ниво, утринава Вардар има и кај Јегуновце и тоа изнесува 216 сантиметри како и во Велес каде водостојот е 200 сантиметри. Според информациите од УХМР просечното ниво на Вардар за јуни во овие делови е од 123 сантиметри во Демир Капија до 74 во Јегуновце.Според УХМР, нивото на водата расте и на Пчиња, Црна Река, Струмица и на други водотеци, а во текот на денешниот и утрешниот ден има тенденција и за зголемување на водостојот.

Поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска река нејзиното ниво е зголемено и во атарот на селото Облешево е високо. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека реката е излеана надвор од коритото и зафатена е земјоделска површина.

Нивото на Вардар и во делот од Демир Капија до Гевгелија е на високо ниво, информираат од регионалниот центар за управување со кризи од Струмица. Нивото на реката Вардар кај Демир Капија синоќа било 260 сантиметри, што е за околу 30 сантиметри повеќе од утринското мерење.

Но, од ЦУК Струмица велат дека засега нема опасност од излевање во долниот дел од течението, од селата Удово, Марвинци и Гевгелија, бидејќи за да дојде до тоа, како што велат, нивото треба да се зголеми на 350 сантиметри.

Од регионалниот ЦУК од Прилеп велат дека има оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на улицата „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата. По утврдувањето дека тоа претставува опасност за непретпазливи минувачи и евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила, од ЦУК Прилеп велат дека го известиле ЈП „Водовод и канализации – Прилеп“ и од нив е побарано веднаш да се изврши обележување на местото за да се предупредат минувачите, а и возачите, да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...