Груевски редовно објавува статуси на ФБ каде што го пратат редовно едно 2-3 илјади фанови и по се изгледа дека тој повторно забегал од реалноста, а таа е дека тој е Азилант и моментално осуден, а како што наидува времето ќе излезат уште многу информации за тоа кој бил Груевски.

Објавил: Македонка Димкин | 23 септември, 2023 10:18

Васко Белески: Кој е тој што уште му верува на Азилантот Груевски?

Фото/Текст извор: ©Васко Белески

Очигледно дека на Груевски не му оди по планот. Тој последниве недели преку кампања и со фото шутинг упорно и се презентира на Македонската јавност со статуси кои во главном се пофалби за самиот себе. Но сепак читателите почнаа да се прашуваат како може еден Азилант да живее во Унгарија и тоа на висока нога, од каде пари на едем Премиер кој имаше месечна плата тогаш од помалце од 1000.00 Евра? Дали тој претходно се обезбедил? Зошто Азилантот Груевски ниту еднаш не излезе со критики кон неговиот поранешен партнер Ахмети за кој деновиве се дознава дека има милионски тендери со неговата фамилијс? 

И додека овие прашања ќе лебдат во воздух излезе тој …. неговиот екс партнер Ахмети и кажа дека многу пати се среќавале со Груевски тајно и правеле планови за “кривичниот законик” со кој впрочем на Груевски и на Поранешните секретари на Сдсм ќе им застари делото. Во исто време еден угледен новинар на еден германски весник обелодени дека Груевски е во многу директна комуникација со владата на Ковачевски со цел да помогне околу вметнувањето на Бугарите во Македонскиот Устав и истото го има од дури 3 независни извори.

На Мицкоски му биле презентирани истите информации поради кои Мицкоски веднаш а и со право ги сподели со Македонската и ако сакате и со европската јавност. Значи професорот Мицковски не излезе да обвинува туку сподели информации од значително важен јавен карактер за Македонија.

Мицкоски не напиша на Фб туку даде интервју за Allgemeiner Frankfurter Zeitung каде што соопшти дека поранешниот Премиер а сега ” Азилант ” во Будимпешта е во директна комуникација со владата на Артан Груби ( Ковачевски е само фигура без право на одлука)

Откога Македонските Медиуми ја пренесоа веста, веднаш се јави поранешниот премиер во Азил , со ибвинувања дека Мицкоски лажел и спремал кампања против него?

Но ајде да се запрашаме , зошто еден угледен професор а згора на тоа и Претседател на ВМРО-ДПМЕ би се занимавал со еден “Азилант ” кој без чувство на припадност и морал избега  од Македонија , зошто? Ако се знае дека  неможе да се врати во Македонија бидејќи е прависолно осуден , и во случај да се врати би  бил директно спроведен бо Идризово. Значи Груевски ни под разно не би можел да се врати барем до моментов и да биде дел од некоја политика, према тоа се апсурдни и смешни  статусите на поранешниот премиер и сегашен Азилант  дека некој спремал кампања против него.?

Бидејќи и да е така хипотетички и да спремаш камања против некој,  истиот би морал да биде политички против кандидат. А дали е тоа “во моментов” Груевски?

Дали со неговите статуси ( за кои треба навистина многу време да се напишат ) Азилантот Груевски го издаде неговата потсвест, со која тој директно посочи дека против него се спремала кампања оти овие намирисале дека Груевски е во спрега со Владата и се спрема да се врати во Македонија?

Да, и не само  тоа, во таа насока говори  и фактот дека последниов Месец Груевски почна да објавува слики на својот ФБ Канал кои очигледно се правени за некоја Кампања како што самиот милува самиот да каже, или можеби  се спремал да прави Ајвар?

 Дел од  последниот статус   каде тој пишува:

На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситиација да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично.

Сепак според она што се гледа од фејсбуук е дека токму  Груески се подготвувал преку кампања  за враќање во Македонија, а за тоа ќе мора да идработи Бугарите да се вметнат  во Македонскиот устав, а наградата? Која би можела да биде наградата, размислете како што вели тој. 

Груевски редовно објавува статуси на ФБ каде што му “лајкаат”  едно 2-3 илјади фанови и по се изгледа дека тој повторно забегал од реалноста, а таа е дека тој е Азилант и моментално осуден, а како што наидува времето ќе излезат уште многу информации за тоа кој бил Груевски. 

Затоа во моментов ретко кој би му верувал на Груевски, или пак   можеби   е тоа Гордана Јанкуловска која лежи во затвор за нешто од кое немал никаков профит, но да не биде Груевски сам обвинет ја обвиниа и неа, мајка на мало дете и без никаков пардон ја однесоа да си лежи во Затвор.?

Или пак треба да му веруваат фамилиите  на осудените од 27 Април за кои и птиците на гранките знаат дека беа директно изманипулирани од Груевски, кој наводно тој ден, баш тој ден морал во Виена?

Или пак да му верува Миле Јанакиевски кој го отепаа од пресуди?

Кој е тој што уште му верува на Азилантот Груевски?

Пишува Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.