Новото име на државата Република Северна Македонија стапува на сила од денеска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2019 20:15

Веб-сајтот на владата, вечерва променет во Република Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска и официјално сменет веб-сајтот на Владата на Република Македонија.

Од денеска и официјално Република Македонија го промени своето име во Северна. И на веб страницата од Владата на Република Македонија се примени името во Северна Република Македонија.

Новото име на државата Република Северна Македонија стапува на сила од денеска. Во Службениот весник се објавени уставните измени кои ги изгласа Собранието на Република Македонија.

„Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник. Исто така се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник“, се вели во соопштението на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.