Ваката одлука беше донесена од граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски кои помина 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 ноември, 2019 14:47

Верушевски од државата ќе добие оштета од 42.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото макфакс

Зоран Верушевски ќе добие оштета во износ од 42 илјади евра за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа.

Граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски за поминати 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“ му досуди отштета од државата за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа во износ од 42 илјади евра.

Ваката одлука беше донесена од граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски кои помина 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“.

Верушевски има право на жалба бидејќи со тужбеното барање побара 71.000 евра. Има право да се жали и заменикот државен правобранител во име на државата и колку побрзо ќе стане правосилна пресудата, толку помала сума ќе му се даде на тужителот, бидејќи од денеска тече и камата на овие 42 илјади евра што му ги даде првостепениот суд на Верушевски.

Во 2015 та година откако почнаа да се објавуваат бомбите, Верушевски беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот патем пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа, со цел тогашниот премиер Никола Груевски да ја убеди јавноста дека не прислушувале тој и УБК со која раководеше тогаш Сашо Мијалков, туку дека Верушевски и странски служби прислушувале.

За оружјето беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече Катица Јанева. Така тој и сопругата Соња Верушевска стекнаа право за отштета од државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести