95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта!

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2022 5:32

Ветувам дека храна, струја и греење ќе има за сите, вели Ковачевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ветив дека храна, струја и греење оваа зима мора да има за сите. Со новите владини одлуки обезбедуваме поевтина струја и тоа:

80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи. Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со ваква одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%.

95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта

95 евра по мегават/ час електрична енергија за јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води

За да спречиме манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, на Општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат ЈП, ДОО или АД за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување.

Напорната работа носи резултати, и јас верувам дека ова криза ќе нѐ направи посилни, пообединети, вредни, рационални, а Владата ќе продолжи да работи одговорно и домаќински, изјави премиерот Ковачевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.