Правниците коментираат дека адвокатите на одбрана на обвинетите за масакрот кај Смилковско езеро самите себе си наштетите со барањето на вештачење

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 13:34

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ на убијците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вештото лице Неџат Муриќ, дипломиран форензичар во областа на балистиката, вработен во крим-техниката при МВР, на денешното рочиште за „Монструм“ ги произнесе наодите од вештачењето за чаурите и проектилите што се пронајдени кај Смилковското Езеро.

Форензичарот Муриќ истакна дека во МВР се донесени 21 чаура, 8 испукани проектили и 2 дела од проектили.

Од извршените микроскопски анализи е утврдено дека 13 чаури се од муниција со калибар 7,62 x 39 милиметри кои одговараат на рускиот автомат АК-47 познат како „калашников“, додека, пак, 8 од чаурите се од муниција со калибар 9 милиметри од пиштолот познат како „долга деветка“.

Муриќ истакна дека на фармата на обвинетиот Фејзи Азири во Белимбегово биле пронајдени 53 испалени чаури со истиот калибар 7,62×39.

Исто така, како што вели Муриќ од извршената микроскопска анализа на примероците, 11 од 13 испукани чаури се од една пушка, додека, пак, останатите 2 чаури се испукани од друго огнено оружје од истиот вид АК-47.

Вештото лице истакна дека за истрага во МВР се донесени само овие примерока, но не и самите огнени оружја.

На денешното рочиште за „Монструм“, шест вештаци ќе ги произнесат наодите од своето вештачење од различни области поврзани со петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Претходно адвокатите на обвинетите за случајот „Монструм“, односно петкратното убиство кај Смилковското Езеро најавија жалба на исказот на загрозениот сведок Е1, кој на минатите рочишта сведочеше за случувањата.

Како што велат адвокатите Насер Рауфи и Асмир Алиспагиќ, забелешките ќе бидат во насока на исказот за препознавањето на обвинетите лица и нивното движење за време на убиството и неколку дена претходно.

Во декември Врховниот суд ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, по што им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по кои е распишана меѓународна потерница. Судот информира дека се во контакт со косовските власти за постапката за екстрадиција.

*На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје.

Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.