Сопругата на Никола Младенов изјави дека причина за смртта на нејзиниот сопруг било неприлагодената брзина и ништо друго

Објавил: Узунов Бобан | 16 март, 2019 9:47

(видео) Дали Заев за политички поени манипулирал со причините за смртта на Никола Младенов ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова, на гостување на 1тв телевизија изјави дека причина за смртта на нејзиниот сопруг било неприлагодената брзина и ништо друго. Ваквата изјава е потврда и на истрагата спрoведена од Јавното обвинитлство која се затвори со констатацијата дека е несреќен случај. 

Која е моралната димензија на тогашниот опозиционер сега премиер Зоран Заев да манипулира со несреќниот случај на смртта на Никола Младенов за на прес конференции, митинзи и интервјуа во земјата и странство да го држи во тензија целото македонско општество со дилемата “има нешто во смртта на Младенов поврзано со власта”. Таквиот наратив е хушкачки, клеветничкни и неморален, а уште пострашно е што таквата теза се засилуваше со изјави на Заев дека ќе отвори меѓународни истраги за истиот случај. 

Пред да дојде на власт, Зоран Заев сите ги убедуваше дека Никола Младенов е убиен, сопругата на новинарот, Билјана Младенова тврди дека причината за смртта на нејзиниот сопруг била неприлагодената брзина на условите на патот. Таа уште побара луѓето во политиката да не злоупотребуваат некои настани во дневно политички цели.   

Доказите што ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање од јавноста на клучни информации“. 
Од аудио материјалите – презентираните телефонски разговори, што, според Заев, се водат меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и помошник-министерот Иво Котевски, односно, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, може да се слушне дека биле отфрлени неколку наоди од вештачењето што би имале многу индикативно значење за истрагата-изјавуваше Заев во мај 2015 година

Вистината“ на Зоран Заев за смртта на новинарот Никола Младенов никако да исплива на површина. Едно од ветувањата на Заев, пред доаѓањето на власт беше откривањето на причините и сторителите на како што тој убедуваше „убиството“ на Младенов. Неколку години по смртта на новинарот и две години по доаѓањето на власт на Заев, неговата ветена вистина се уште ја нема. 


Јавното обвинителство ја затвори истрагата и ја квалификува како несреќен случај сообраќајната незгода во која загина основачот и сопственик на Фокус Никола Младенов. Претседателката на скопското јавно обвинителство Гордана Гешковска тогаш изјави дека од досегашните преземени мерки и вештачења, произлегува заклучокот дека станува збор за сообраќајна несреќа која не е производ на кривично дело за кое се гони по службена должност. 

Истрагата покажала дека причината за несреќата е неприлагодена брзина на автомобилот кон условите на патот, а причината за смртта е повредата, односно раскинот на аортата, за која, како што вели Гешковска, е честа повреда кај возачи во сообраќајни незгоди. Според досегашната истрага, утврдено е дека Младенов го возел автомобилот со брзина од 142 километри на час при што удрил во банкината.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.