Имавме куса средба со Заев, бидејќи немав што да додадам од она што го кажав!

Објавил: Македонка Димкин | 13 јуни, 2018 17:12

(ВИДЕО) На Заев му ги повторив моите позиции , ова е класична Капитулација

љњ
Фото/Текст извор: ©Магазин

Мојата средба со претседателот на владата г-нот Зоран Заев беше куса од причина што немав што да додадам од моето вчерашно излагање.

Од Заев добив Информација дека во текот на утрешниот ден, договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран и највероватно веќе во текот на утрешниот ден детаљите ќе ги знае и јавноста во Македонија.

Ние договорот доправа ќе го разгледуваме и ќе го коментираме сите оние детаљи за кои што јавноста или не ги знае или не е доволно информирана.

Средбата ја побарав за да го добијам договорот, откога ќе го анализираме внатрепартиски ќе повикаме и на консултации со сите партиски комисии и со сите партиски органи, пратеничката група, а потоа ке повикаме и консултации со македонската православна црква , МАНУ и исламската верска заедница.

Рече Мицкоски на пресот пред владата на Република Македонија

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.