Продолжува политичката криза во Албанија

Објавил: Узунов Бобан | 14 јуни, 2019 9:54

(видео) Погледнете како Еди Рама едвај спаси жива глава во Либражд, има и повредени

Фото/Текст извор: ©магазин

Рама оди си, извикувала толпата која вчера го пречекала албанскиот премиер Еди Рама на влезот во градот Либражд во близина на Македонската граница кај Охрид. 

Членовите на Демократската партија кои бараат оставка фрлале со камења по возилото на Рама кој одел на средба со граѓани во градот Прења. 

На видеото се гледа дека откако полицијата која се судрила со демонатрантите не успеала да ја спречи блокадата на колоната на Рама таа врти по спореден пат при што по удар од едно од возилата во придружбата на Рама полесно се повредени две лица.

Снимки во аудио формат објавени од германскиот весник Билд минатата недела укажуваат на соработка на Рама со нарко групи предизвикаа криза во земјата а Албанија го загуби датумот за преговори со ЕУ. 


Еди Рама (4 јули 1964 во Тирана) — албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија. Рама е лидер на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана(2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.