Несреќата ја пријавиле локални мештани, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал ниско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, па слетал во вода

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 9:12

Видео- фото: Драма во Микронезија – авион заврши во море, нема жртви

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Драма во водите на Пацификот во Микронезија. Авион со 47 патници и членови на екипажот ја надлета пистата и заврши во море.

За среќа нема посериозно повредени во инцидентот, кој се случи на микронезискиот остров Чук.

На објавените видео снимки се гледа како патниците и екипажот се спасуваат од полупотонатиот брод и со чамци се превезуваат кон крајбрежејто.

Несреќата ја пријавиле локални мештани, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал прениско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, пред да слета во вода.

Не се познати причините за несреќата. Авионот полетал од Нова Гвинеја и бил сопственост на авиокомпанијата Ер Ниургини.

Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има околу 100 илјади жители.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести