ВЧЕРАШНАТА ВЕСТ ЗА УБИСТВОТО НА ХОЛАНДСКИ ДРЖАВЈАНИН ОД СТРАНА НА НЕГОВ ВРАБОТЕН ПРЕДИЗВИКА БУРНИ РЕАКЦИИ КАЈ ЛУЃЕТО , СИТЕ ГО ОСУДИЈА ЧИНОТ НО ИСТО ТАКА ЈА РАСКАЖАА И РЕАЛНОСТА.
Имено, фирмата Еуроплантс во сопственост на холанскиот државјанин (сега веќе покоен) има вработено околу 150 луѓе од село Прељубиште и околните тетовски села. На почетокот се било розево и убаво, вработените земале од 86 до 105 денари по саат, а работеле по 10 саати дневно.
Но како се зголемувале полињата и расадниците на газдата (проценети на повеќе од 50 милиони евра), така се зголемувала и неговата демонстрација на моќ и сила врз неговите вработени. Бил познат по тоа што често физички се пресметувал со вработените и тоа без причина.
Покојниот не го зборувал македонскиот јазик, зборувал само Холандски и очекувал вработените да го разберат. И доколку не го разбирале била доволна причина за тој да отпочне физичка пресметка со нив а секако дека меѓу вработените имало и жени.
Вработениот не бил фатен како спие, туку во заедничка обиколка на расадниците дошла до кавга која понатаму ескалирала.
Повеќе детали од целосниот случај се очекува од јавното обвинителство, кои заедно со полицијата биле на местото на настанот и земале изјави од повеќе вработени.
Факт е дека чинот е негативна порака за странските инвеститори во земјата, но дали некој може да го оправда ваквиот однос на газдите спрема своите вработени?
Можеби ќе треба многу време да се добие одговор на ова прашање бидејќи и македонците не се „стока„ туку луге кои сакаат само да работат а за нивната работа очекуваат да бидат платени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.