Обвинителството ја осомничи за обид за убиство, поради што и беше одреден и притвор.

Објавил: Перо Милчин | 29 јуни, 2019 10:06

ВИСТИНСКА ДРАМА: Струмичанка му ставила отров на сопругот во кафе!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Триесет и деветгодишна жена од Струмица се обидела да го отруе својот сопруг, откако му сварила кафе, а потоа во него ставила отров.

На 07 јуни во семејниот дом во село Иловица, Струмичанка се обидела да го убие својот сопруг, откако му сварила кафе, а потоа во него ставила отров. Обвинителството ја осомничи за обид за убиство, поради што и беше одреден и притвор.

– Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „моносан херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание – соопшти прес службата на Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.