Николовски изуми на фактот дека постојат и други бројни високостручни кадри кои се школуваат на исток или запад но кои никако да стигнат до вработување од партиските нарачки

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 13:16

Владата се распаѓа, Николовски призна дека вработил роднини

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски призна денеска дека негов роднина е вработен во М-НАВ, но, како што рече, лицето е високостручен кадар кој е школуван во Јапонија и во Кина.

Ова никогаш немаше да биде откриен ако медиумите на ја пласираа информацијата дека нема владин министер од СДСМ кој не вработил роднина во агенцијата каде платите се и повеќе од солидни.

Министерот побара институциите да испитаат како се водел процесот на вработување на лицето во М-НАВ.

Да, лицето е во роднинска врска со мене. Барам да се утврдат сите процедури и постапки кои биле направени. Тоа институциите нека го проверат. Едно е јасно, станува збор за висок стручен професионален кадар школуван во Јапонија, во Кина, дипломиран, токму на проблематиката каква што се бара, на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Македонија треба да се бори. Станува збор за место за кое исполнува повисоки компетенции и квалитети. Институциите тоа нека го расчистат. -рече Николовски.

Медиумите вчера пишуваа дека во М-НАВ минатата недела е вработен роднина на еден министер од актуелната влада.

Се тврди дека и таткото на нововработениот работи во М-НАВ. Синот не успеал да влезе на првиот оглас, зашто наводна не ги исполнувал условите, па бил распишан и втор оглас. 

Пет членови од семејството на актуелен министер вработени во М-НАВ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.