Народот го БОЈКОТИРАШЕ референдумот, власта, собранието како и Пратениците немаат легитимитет и мандат да го ративикуваат договорот од Преспа

Објавил: Данаил Михајловски | 1 октомври, 2018 13:51

Власта децидна: Договорот оди во Собрание, иако народот го бојкотираше договорот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Власта преку 2/3 мнозинство и покрај вчерашниот неуспешен референдум ќе се обиде да го ративикува Договорот со Грција во Собранието, ваквата одлука денеска на прес-конференција ја соопштија министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Тој инструмент се рефлектира преку бројот на гласачите кои гласале, а бројката на тие што гласаа дава целосен легитимитет за институциите да продолжат со имплементација на договорот“, рече Османи. Мнозинството граѓани што гласаа, над 90 отсто, дадоа јасен легитимеитет за договорот, институциите да можат да продолжат“, рече Османи и додаде дека цензусот не е прашање поврзано со успешноста на референдумот, бидејќи, како што рече, е техничко прашање со кое се мери ажурираноста на гласачкиот список. Собранието ја презема одговорноста да ја материјализира одлуката на поддршката што ја дадоa 90 отсто од гласачите“, порача Османи.

Како што наведоа во нивната заедничка прес-конференција иако цензусоот не бил исполнет, сепак за нив мозинството од над 90% од граѓаните кои што гласаа „ЗА“ на вчерашниот референдум им дава на пратениците за право да одлучуваат во Собранието.

Нашата порака е дека ова е време кога сите мора да заиграме на страната на нашата Македонија“, рече Шекеринска и додаде дека очекува сите политичари да се повикаат на јасната порака на граѓаните и да се обединат за да ја однесат Македонија во НАТО и ЕУ.Одлучија гласовите на тие кои гласаа и тоа беше пораката што ја испраќавме во кампањата. Граѓаните што гласаа презедоа одговорност да одлучуваат за својата земја. Со мнозински изразената волја, за пратениците нема друга вистинска опција освен да го следат гласот на народот со цел земјата да ги забрза процесите кон ЕУ и НАТО. Гласот на граѓаните е јасен повик политичките партии да се приклучат на процесот и да работат за оваа заедничка цел, рече Шекеринска.

Битно е да се напомене дека според ДИК на избирачкиот список евидентирани се над 1.800.000 илјади гласачи, а вчера излегле само 662.721 илјада души под знак прашалник се става легитимитетот на власта како и на пратениците.

И хипотетички да се пресмета. Како што велат од власта не бил прочисстен избирачкиот список, некои биле починати, некои надвор од државата и така натаму. Еве 300.000 избирачи хипотетички да ги отстраниме од тој список, остануваат уште над 1.500.000 избирачи, а вчерашната излезеност беше негде над 650 илјади, што по самото тоа го прави проблематичен конечниот резултат од вчерашниот референдум.

Едно е јасно, народот го БОЈКОТИРАШЕ референдумот, власта, собранието како и Пратениците немаат легитимитет и мандат да го ративикуваат договорот од Преспа. Единствено решение и излез од оваа ситуација се предвремени избори на кои што граѓаните ќе одлучат на кого ќе му ја дадат довербата за понатамошно одлучување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.