ВМРО не се откажува и од законот за финансирање на партиите

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 22:26

ВМРО-ДПМНЕ изразил револт и ја напушти лидерската средба!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба и побарал нова средба до понеделник, со четирите лидери на најголемите партии.

ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таканаречената лидерска средба во Клубот на пратеници заедно со претседателите на повеќе политички парламентарни партии. За нас не беше јасен концептот зошто сите парламентарни партии не се застапени на овој состанок. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт поради ваквото однесување, ги кажавме причините поради кои го напуштаме овој состанок, воедно го повикуваме претседателот на Владата Зоран Заев во најскоро време до понеделник да организира лидерска средба во формат кој што не би надминал бројност повеќе од четворица, да седнемне, да разговараме отворено за сите отворени прашања коишто му претходат на формирањето на составот на ДИК, а дури пота да разговараме за формирањето на ДИК – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да го исполни ветеното, односно да го донесат законот за финансирање на партиите и истакна дека не се откажува од барањето за Пржинска влада.

Мицкоски не одговори кои ќе бидат неговите потези ако Заев не ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.