„Велигден е најголемиот христијански празник, денот кога Господ бог Исус Христос ја победи смртта и ја врати надежта назад кај луѓето.

Објавил: Перо Милчин | 19 април, 2020 11:07

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Велигден: Само со вербата во бога можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Велат овој голем ден учењето Христово нека ни биде ѕвезда водилка за да ги поминеме овие тешки моменти во кои се наоѓа нашата држава, но и целиот свет.

Од партијата велат дека само со вербата во бога, љубов кон човекот, обединетост и сплотеност можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас.

„Велигден е најголемиот христијански празник, денот кога Господ бог Исус Христос ја победи смртта и ја врати надежта назад кај луѓето.
Христовото Воскресение на сите нам ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла и што е најважно да си помагаме еден со друг.

На овој голем ден учењето Христово нека ни биде ѕвезда водилка за да ги поминеме овие тешки моменти во кои се наоѓа нашата држава, но и целиот свет.

Само со вербата во бога, љубов кон човекот, обединетост и сплотеност можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас.
Религијата и вредностите кои таа ни ги носат ни даваат сила да продолжиме понатаму и се најголемото богатсво која еден народ со вековна традиција може да ја има.

Уште еднаш Ви го честитаме најголемиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе – Навистина Воскресе“, се наведува во партиската честитка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.