Во врска со Референдумот се огласи и ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 14:21

ВМРО – ДПМНЕ ќе учествува на Седницата и ќе се обиде да спречи насилие врз демократијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Игор Јанушев – генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ пред Седницата на Собранието на Република Македонија на која се очекува да се распише Референдумот со став на најголемата политичка партија.

“ВМРО – ДПМНЕ нема да ја бојкотира седницата денес а пратениците ќе учествуваат на седницата на која се ќе се распише референдумот. Самоволието на парламентарното мнозинство продолжува за референдумот. Сведни дека е штетно за Македонија се обидуваат на сила да протуркаат двосмислено прашање. Било кое прашање треба да е по пат на консензус. ВМРО – ДПМНЕ не прифати да е декор на власта и удар врз демократијата. Членот 15 од Законот за Референдум вели дека прашањето треба да е недвосмислено “за” или “против”. Треба да е сосема јасно и единствено во одговорот. Вака е манипулативно. Бараме власта да се откаже од насилничко однесување.”

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ одби да даде одговор на прашањето дали партијата ќе го бојкотира Референдумот појаснувајќи дека ако се распише телата на партијата ќе дискутираат и за оваа опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.