За нападот врз екс градоначалникот молчат од МВР а судот му се заканува со стражарно приведување. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 11:06

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Вака изгледа претепаниот Тони Трајковски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Лидер.мк

Вознемирувачки фотографии од претепаниот поранешен градоначалник на општина Гази БАБА објави порталот Лидер. 

Претепан поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски

Инаку на денешното судење за предметот „ТНТ“, не дојде обвинетиот Тони Трајковски.

Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски дека на 22 декември, т.е. синоќа бил претепан, и имал видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот, пишува А1он.

„Во 6.30 часот Трајковски бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди“, кажа адвокатот.

Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.

„За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно“, рече судијата и даде еден час пауза.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

МВР денеска го потврди нападот врз екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Нападот се случил на 22  декември односно доцна синоќа,  околу 23.35  часот. Претепаниот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив – соопшти МВР.

Од МВР велат дека се уште се работи на расветлување на случајот.

Тони Трајковски е во добра општа состојба.

Адвокатот на Трајковски, денеска изјави дека инцидентот се случил додека Тони Трајковски бил на прошетка со поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.