Двајца пратеници од власта нема да кренат рака за промена на уставот

Објавил: Македонка Димкин | 25 јуни, 2023 22:05

ВОНРЕДНО: Двајца пратеници од власта нема да гласаат за промена на Уставот, вели извор за А1он

Фото/Текст извор: ©А1 он

Власта бара поддршка од опозициските пратеници за отворање на Уставот, но избегнува да ја потврди бројката на патеници од парламентарното мнозинство кои ќе гласаат за процесот на внесување на Бугарите во својот табор, објави А1он.

Но, додека премиерот Димитар Ковачевски работи на убедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за добивање поддршка за уставните измени,

а министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ открија дека паралелно се водат поединечни разговори со пратеници од опозицијата, „А1он“ дознава дека сите пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат уставните амандмани.

Извори на „А1он“ велат дека двајца пратеници на СДСМ нема да кренат рака за отворање на Уставот, а не се знае ниту конечниот став на „огнената“ група во ДУИ.

Целиот текст на А1он прочитајте го ТУКА

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести