Македонската заедница во Мелбурн, подостоинствено го прослави Денот на независноста од голем дел општини низ Република Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 6:24

Во Австралија подостоинствено прославен Денот на независноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По 10-ти јубилеен пат, Македонското знаме беше гордо кренато на сите јарболи на државни институции низ Мелбурн, во знак на чествување на Денот на независноста на Република Македонија.

Иако Австралија е една од 11-те држави во светот која одбива да го користи нашето уставно име, со оглед дека грчката заедница е доминантно поголема, а земјата е дел од комонвелтот на Велика Британија која исто така не не признава под уставното име, сепак во Мелбурн, каде македонската иселеничка заедница е најдоминантна, 10 години по ред градските и државните власти одобруваат официјална прослава на Денот на независноста на Република Македонија.

Интересен факт е што при одбележувњето, гордо се вејат и старото, знамето со ѕвездата од Кутлеш и новото знаме, кое Македонија го смени на барање на Грција.

Како и 9 години, така вчера, традиционално на плоштадот во Мелбурн се одржа прослава по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија во организација на Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија.

Оваа година се одбележува и 10 годишниот јубилеј на поставувањето на Македонски знамиња низ официјалните градски и државни институции, од кои најимпресивно е подигањето на знамињата на Македонија на јарболите на плоштадот во Мелбурн, кои за прв пат беа подигнати од Златко Нически и Ицо Најдовски кои и ја започнаа оваа традиција.

На прославата говор одржаа Зоран Здравески и Гоце Ѓороски кој ја претстави Вера Трајчевска за изведба на химните на Македонија и Австралија.

Културната профрама за збогатија Македонското културно уметничко друштво Јане Сандански од Мелбурн со сплет на Македонски ора и песни.

Македонската Православна Епархијиа за Сиднеј и Австралија, Протереј – Ставрофор Ефтим Бетински и Архимандрид Гаврил Галев одржаа Панихида за сите паднати борци за Македонија.

На настанот, оваа година беше забележителен значително поголем број Македонци кои присуствуваа на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.

Медиумски покровител на настанот е порталот фаланга.ком.ау

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.