Тоа е 10 проценти од медицинскиот персонал на одделението за интензивна нега во градот

Објавил: admin@magazin | 20 август, 2018 12:06

Во болница во САД истовремено забремениле 16 медицински сестри

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во болница во американската сојузна држава Аризона, во ист период бремени се 16 медицински сестри, јави Би-би-си.

Тоа е 10 проценти од медицинскиот персонал на одделението за интензивна нега во болница во градот Меса.

Дури и пациентите започнале да забележуваат сѐ повеќе бремени сестри околу нив. По тој повод беше свикана прес-конференција, на која медицинските сестри се пошегуваа дека има нешто во воздухот и се работи за заеднички план за одмор во периодот на божикните празници.

Првата од медицинските сестри ќе се породи во септември, а последната во јануари.

Рошел Шерман, која ќе се породи следниот месец изјави дека не знаеле оти меѓу нив повеќето се бремени, додека не основале група на „Фејсбук“,

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.