Државната изборна комисија, МВР и ЈОРМ тврдат дека гласањето поминува без инциденти и во најдобар ред, набљудувачите на терен тврдат дека има манипулации

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 14:02

во Делчево 11 болни гласале на 13 ливчиња?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според информации од терен при гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчево, во избирачкото место 573 се случила изборна нерегуларност.

Од вкупно 10 лица кои гласале во во избирачката кутија се нашле 13 ливчиња.

Имено избирачкиот одбор кој по процедура одел од куќа на куќа по поминувањето на 10 куќи, отишле на 11, при што утврдиле дека лицето нема валидна лична карта, по што не му дозволиле да гласа и се упатиле накај 12- тиот, по пат, избирачакиот одбор забележува дека им недостасуваат 2 гласачки ливчиња, по неколку минутна забуна кога ја отвориле кутијата во неа ги забележале сите 12 ливчиња, иако гласале само 10 лица.

Избирачкиот одбор по ваквата ситуација се вратил во ДИК, по што зел уште едно ливче и се упатува накај 12- тиот гласач, по што истиот гласа и го ставаат ливчето во кутијата, по што со гласани 11 лица на крај имало 13 ливчиња во кутија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...