Појавата на африканска свинска чума по претходно преземени контролни мерки е утврдено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на направени лабораториски наоди добиени од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

Епидемиолошката состојба со болеста африканска свинска чума, како што стои во решението издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, се прогласува во заштитните зони во радиус од три километри околу потврдените жаришта вклучувајки ги и населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево. Согласно решението, зони под надзор во радиус од 10 километри каде е потврдена болеста ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово.

Дополнително во сите ловишта во Источниот регион, во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип целосно се забранува ловот, при што еднаш неделно ловните друштва имаат задолжение да вршат пребарување на ловиштето, со цел пронаоѓање на угинати диви свињи чии примероци треба да се пријават кај официјални ветеринари.

Објавил: Мате Парлоф | 8 јануари, 2022 18:27

Забранет ловот и на ловиштата во Делчевско поради африканска свинска чума

Фото/Текст извор: ©магазин

По откривањето на случаи со африканска свинска чума во одгледувалиште во делчевското село Драмче, забранет е ловот и на ловиштата во Делчевско.

Поради новонастаната состојба, соопштение до членството денеска упатија од Ловното здружение „Острец” од Делчево од каде ги повикаа ловџиите да се придржуваат до забараната за лов на секаков вид дивеч, а претходно тоа го сторија и од Ловното здружение „Каменица Саса”.

Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение Острец Делчево дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче, стои во соопштението од ЛЗ „Острец” од Делчево.

Појавата на африканска свинска чума по претходно преземени контролни мерки е утврдено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на направени лабораториски наоди добиени од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.

Епидемиолошката состојба со болеста африканска свинска чума, како што стои во решението издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, се прогласува во заштитните зони во радиус од три километри околу потврдените жаришта вклучувајки ги и населените места Драмче, Очипала, Киселица и Ветрен во Општина Делчево. Согласно решението, зони под надзор во радиус од 10 километри каде е потврдена болеста ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица со населените места Ѕвегор, Габрово, Полето, Костин Дол, Селник, Косевица, Македонска Каменица, Луковица, Тодоровци, Бигла, Косово Дабје, Делчево, Турија и Илиово.

Дополнително во сите ловишта во Источниот регион, во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип целосно се забранува ловот, при што еднаш неделно ловните друштва имаат задолжение да вршат пребарување на ловиштето, со цел пронаоѓање на угинати диви свињи чии примероци треба да се пријават кај официјални ветеринари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести