На целата територија на Република Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест!

Објавил: Мартин Попоски | 8 јануари, 2022 18:34

Потврден прв случај на Африканска свинска свинска чума во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин

Врз основа на добиени лабораториски наоди од Институтот за ветеринарна медицина од 06.01.2022 година, Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ) го потврди првиот случај на присуство на болеста Африканска свинска чума во две огледувалишта во делчевското село Драмче каде се угинати 14 свињи.

Како што информираат од АХВ, директорот Николче Бабовски донесе решение со кое нареди преземање на контролни и заштитни мерки за контрола и сузбивање на болеста, а за појавата на болеста официјално ги извести и Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и Европската комисија.

На целата територија на Република Македонија се забранува промет и движење на свињи, одржување на изложби или друг вид на спортски или културни настани за сите приемчиви животни на оваа болест, а до крајот на месецов ќе се спроведе и  вонреден попис на свињите и клинички преглед во оглесдувалиштат, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и Ветеринарство.
 
Во сите ловишта во Источниот регион во кој спаѓаат општините Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново Облешево и Штип каде целосно е забранет ловот (за сите видови на дивеч), ловните друштва и концесионерите на ловиштата имаат обврска согласо донесеното решение да вршат пребарување на ловиштето за пронаоѓање на угинати диви свињи, земање на мостри од истите и нештено отстранување на угинатите диви свињи, а пронајдените угинати диви свињи треба да се пријават кај официјалените ветеринари.
 
Како што се додава во соопштението Стручни тимови составени од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за внатрешни работи, претставници од локалната самоуправа од Општина Делчево и од ветеринарните друштва од вчера се на терен и ги спроведуваат наредените мерки со донесеното решение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.