Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2019 22:11

“Во Зајас на секој 24 секунди гласал по еден гласач, полнењето кутии им оди од рака на Заев и Пендаровски”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја изгубија поддршката од граѓаните, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка. Вчера поднесовме кривична пријава против 10 лица за нерегуларности, односно полнење кутии на избирачко место 0816 во Зајас, каде што според извештајот на ДИК во периодот од 15 до 17 часот во првиот круг вкупно гласале 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот. Ова е доказ дека се полнети кутии на ова избирачко место и тоа на секои 24 секунди по 1 гласачко ливче ставано во гласачка кутија. Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија. За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик, Јавното обвинителство молчи или можеби Заев обвинителите ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата за да може да прави што сака. Одговорност треба да сносат сите. И оние што го извршиле ова, и оние што го овозможиле ова, но најважно, оние кои што го наредиле да се реализира ова. Ова е начин кој му е веќе проверен на Зоран Заев уште од референдумот. Но и тогаш и сега и со полнење кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните никој, потенцира Арсовски.

Од ВМРО посочуваат дека Заев и Пендаровски најдобро што прават е полнење кутии, во Зајас на секој 24 секунди гласал по еден гласач

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште пред половина година поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај за основано сомнение дека референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени, но и заради грубо полнење на кутии како и сега.

-Тогаш верувале или не се гласаше на секои 4 секунди во одредени избирачки места. И тогаш и сега, Јавното обвинителство не презема ништо. СДСМ забораваат, а ние уште еднаш да ги потсетиме. По промената на власта сите ќе одговараат без разлика кога го сториле кривичното дело. Ќе одговараат и за полнењето кутии на Претседателските избори и за полнењето кутии на референдумот. Затоа, не се обидувајте да ја изиграте волјата на граѓаните, тогаш Јавното обвинителство ќе биде ослободено од канџите на Заев и тогаш ќе го нема Заев да ве лаже дека ве штити преку обвинителството. Граѓаните веќе јасно одбраа, иден Претседател е Гордана Сиљановска Давкова, вели Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.