Државниот инспекторат за земјоделство одзеде 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица со вкупна тежина од 33 килограми од 13 рибокрадци затекнати во Охридското Езеро

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 15:07

Во Калишта одземени 73 рибарски мрежи и 33 килограми охридска белвица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државниот инспекторат за земјоделство [ ДИЗ ] одзеде 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица со вкупна тежина од 33 килограми од 13 рибокрадци затекнати во Охридското Езеро.

Прекршен е Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура и на секое лице ќе му биде издаден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.

Овластени лица од ДИЗ во вторникот [ 14-ти август ] извршиле вонредна контрола на потегот над струшките села Калишта и Радожда при што во водите на Охридското Езеро кај Калишта во различити правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во седум кајчиња што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат.

При пребарување од езерото биле извадени вкупно 73 рибарски мрежи со димензии на окца од 26 мм [ 40 парчиња ] и 24 мм [ 33 парчиња ] со поединечна должина на мрежа од 50 метри или во вкупна должина од 3.650 метри. Исто така од водите биле извадени 370 парчиња охридска белвица во количина од 33 килограми.

Направен е записник за акцијата и заедно со целокупниот риболовен алат и риби се предадени на ДИЗ. По комплетирање на Предметот од страна на ДИЗ ќе бидат изготвени 13 записници со констатирани прекршоци и на секое лице ќе му биде издаден по еден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...