Фатиме Фетаи го искара Шврговски дека и држел предавања во судницата а адвокатот Василев искоментирал "Па Фатиме скока"

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:28

Во Кривичен “Фатиме скока!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако дојде струја попладнево продолжи судењето за случајот “Титаник 2” за нерегуларности во Државната изборна комисија (ДИК) во 2013-та година.

Но судењето продолжи со кавги меѓу адвокатите и обвинителите од СЈО околу теоријата за тоа што се вкрстени а што директни прашања за сведоците. Директните прашања според законот може да се поставуваат дури откако ќе се сврти еднаш кругот со сведоците а вкрстените прашања се поставуваат веднаш од исказот на сведокот на обвинителот.

Обвинителката Фатиме Фетаи приговараше и му ги оспори сите поставени прашања на адвокатот Боро Тасевски кој го брани Влатко Сајковски поранешен член на ДИК и еден од обвинетите. Се вмеша и адвокатот на Сашо Срцев Димитар Дангов но и тој најави вкрстено а постави директно прашање.

Стана и Љупчо Шврговски бранител на Сашо Мијалков и рече дека може од одговорот на веќе поставени прашања да се постават нови а не судијата на барање на обвинителот да не ги дозволува.

Обвинителот Гаврил Бубевски нервозен што се изгуби време на незнаењето што се директни а што вкрстени прашања се објаснуваше со Шврговски и во тој момент Фетаи го праша судот: “Зошто овде без даден збор од вас чесен суде колегата Шврговски стана и ни држи предавања на сите?”.

Тогаш стана другиот адвокат на Мијалков Петар Василев и кога Фетаи објаснуваше дека има право на приговор на прашањата од адвокатите тој ио кажа да престане да зборува бидејќи му се обраќа на судијата.

Судијата Огнен Ставрев го смируваш а Василев рече: “Па Фатиме скока!”

По ова Фетаи стана и му забележа на Василев дека “користи многу контаминиран речник”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.