Во Тирана одржана Конференцијата на албанските интелектуалци, за претстојниот референдум за промена на името, насловена како „Референдумот и албанскиот идентитет во Македонија”

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 9:56

Во Тирана конференција за тоа колку било добро да се промени името Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанските интелектуалци од Албанија ги повикаа граѓаните на Македонија да му кажат ”ДА” на референдумот за промена на името на 30 септември.

На организираната тркалезна маса тие нафрлија неколку тези од од перспектива на граѓани на Албанија, кои се едногласни дека референдумот треба да се поддржи од сите граѓани на Македонија.

Африм Красниќи, од институтот за Политички Студии, потенцираше дека референдумот е со еден неодреден резултат, алудирајќи на интензивната работа на меѓународната заедница за постигнување на Договорот за името.

Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Паскал Мило отиде и чекор понатаму нарекувајќиго референдумот како најважен настан во историјата на Македонија од по осамостојувањето.

Историчарот Пелумб Џуфи, рече дека старите лидери кои ја изградиле својата историја добро е да им го одстапат местото на новите, бидејќи сега, албанците во Македонија имаат свои универзитети кои имаат произведено своја политичка класа.

Конференцијата насловена како „Референдумот и албанскиот идентитет во Македонија”, се оддржува во Тирана во Хотел Интернационал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.