Претседателот Макрон со прв закон за моралниот аспект на политичкиот живот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 7:15

Во Франција три години затвор за политичари кои ќе вработат членови на семејството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот парламент усвои закон за моралноста на политичкиот живот со кој на политичарите им се забранува да вработуваат членови на своите семејства што е првиот поголем законодавен потфат на претседателот Емануел Макрон.

Законот им забранува на министрите пратениците и членовите на локалните власти да ги вработуваат венчаните или невенчаните сопружници родителите и децата под закана од тригодишна казна затвор и 45.000 евра.

Законот го поддржаа 383 пратеници тројца беа против а 48 воздржани. Пратениците од владејачкото мнозинство аплаудираа по гласањето за законот.

Пред францускиот парламент следната среда ќе се најде уште еден закон за морализација со кој ќе бидат укинати дополнителните финансиски средства кои пратениците досега можеа да ги пренасочуваат кон заедниците и општеството според своја желба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.