НАТО не македонската влада, откри дека во скопско Ѓорче Петров се чува радиоактивен отпад во сопственост на државата и кој мора итно да биде уништен, владата кратко потврди

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 8:30

Во Ѓорче Петров се чува 16 тони радиоактивен отпад

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На македонските власти им требаше предупредување од НАТО, за да признаат дека во скопската општина Ѓорче Петров чуваат 16 тони радиоактивен отпад во сопственост на Република Македонија?

Веста кога би била скандалозно откриена на земјите кои се во ЕУ и НАТО би предизвикала пад на владата, низа одговорности, додека во Македонија, заслужи само изјава на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, како министерот командант Вентили стои на ставот дека не сме Швајцарија.

Екологистите коментираат дека изјавата на Дураку е точна. Кога би биле Швајцарија тој не би бил министер.

Имено НАТО ги предупредил македонските надлежни органи дека во скопската општина Ѓорче Петров постои складиште кое има 16 тони гориво за ракети за растерување на облаци кое одамна требало да биде отсрането.

Се работи за радиоактивен отпад во Ново Село во објект на Макпетрол Темко.

Се уште никој не ја презеде да го уништи овој опасен материјал. Макпетрол Темко вели дека има договор само да го чува горивото, а не и да управува со истото.

Макпетрол е сопственик на местото, додека отпадот е на Република Македонија. За сите прашања во врска со работи кои се чуваат тука, треба да се јавите на соодветните служби на Владата на Република Македонија. – соопштуваат од Макпетрол Темко.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека уништувањето ќе биде направено со почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност за јавноста.

Тоа е гориво кое повеќе не е потребно. Сите методи на уништување ќе бидат направени врз основа на еколошките стандарди и со јавен оглас. – истакна Макрадули.

Јавноста во шок од летаргичниот однос на власта прилично сензитивното прашање, збунети што уште се крие а власта ќе го премолчи соочувајќи се со својата неспособност?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.