Продаденото шише содржи виски од буре од 1926 година, а алкохолот е флаширан во 1986 година.

Објавил: admin@magazin | 26 октомври, 2019 15:09

ВРТОГЛАВА ЦЕНА: Шише виски „Макален“ од 1926 година продадено за 1,9 милиона долари!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На аукција во Кристи, шише шкотско виски „Макалан“ од 1926 година беше продадено за рекордни 1,9 милиони долари, што го направи најскапиот пијалак досега продаден на аукција.

Продаденото шише содржи виски од буре од 1926 година, а алкохолот е флаширан во 1986 година.

Ова е вторпат овој вид виски да достигне рекордна светска цена – претходната година во аукциската куќа „Кристи“, шише од тоа виски беше продадено за 1,2 милиони долари, јавува Си-Ен-Ен.

Продаденото шише содржи виски од буре од 1926 година, а алкохолот е флаширан во 1986 година.

Постојат само 40 шишиња од ова ексклузивно виски, па затоа се смета за „Светиот грал“ на оваа врста на алкохол.

Виски означува категорија жестоки алкохолни пијалаци, кои се дестилирани од житарици и чувани во дабови бочви. Во зависност од употребата на житариците, варира и видот на вискито.

Во најмногу користени спаѓаат: јачмен, мелен јачмен, ‘рж, мелен ‘рж, пченица, пченка или овес. Освен според житариците, видовите виски варираат и според алкохолната содржина и квалитетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.