Во последната недела од март продажбата на вотка се зголеми за 31 процент во однос на истиот период лани, продажбата на виски е зголемена за 47 проценти, а пивата до 25 проценти, пренесува Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2020 13:07

Русија во алкохол бара спас од КОРОНА: Продажбата на виски поголема за 47 проценти, а вотка за 31 отсто!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Руските продавници забележаа зголемување на набавките на алкохолни пијалоци во последните неколку недели, особено вотка, виски и пиво.

Во последната недела од март продажбата на вотка се зголеми за 31 процент во однос на истиот период лани, продажбата на виски е зголемена за 47 проценти, а пивата до 25 проценти, пренесува Ројтерс.

Мерките поставени во Русија ќе бидат во сила до 30 април, при што некои од нив се на неплатен одмор, некои отпуштени, а некои со намалени плати.

Во Москва, на граѓаните им е дозволено да ги напуштат домовите само за да купат храна или лекови во близина на самопослуга, да прошетаат куче или да фрлаат ѓубре. 

Властите ги повикаа граѓаните да се воздржат од лекување со алкохол, изјавувајќи дека алкохолот не може да го излечи „Ковид-19“ или да спречи пренесување на друго лице.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.