Одбраната на Никола Груевски, сега бара и изземање на в.д. претседателката на Апелацискиот суд Лидија Димчевка, за што одлучува Врховниот суд на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 15:07

Врховен суд треба да одлучи за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелациски суд во случајот “Тенк”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Апелацискиот суд додека се чекаше одлуката по барањето за изземање на судечкиот совет кој треба да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес информираа дека одбраната побарала изземање и на в.д претседателката на Апелацискиот суд Лидија Димчевска.

Сега се чека одлуката на Врховен суд кој е надлежен да постапува по барањето за изземање на претседателката на Апелацискиот суд.

Претходно, на почетокот на денешната јавна седница тие побараа и одложување на седницата со образложение дека мора да одат на други судења кои се приоритетни бидејќи станува збор за притворски предмети. Судечкиот совет во Апелација не го прифати ваквото барање на адвокатите. 

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести