Дали ќе се признава МПЦ за автокефална црква и под кое име ?

Објавил: Узунов Бобан | 16 мај, 2019 10:02

Вселенската патријаршија ќе го решава македонското прашање и со Црквата

Фото/Текст извор: ©магазин

Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот, јавија српски медиуми.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштуваат детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање. 

Според српските медиуми Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг.

Во јануари 2019 година, Вселенскиот патријарх Вартоломеј на украинскиот митрополит Епифаниј му предаде томос (декрет) за автокефалноста на Украинската православна црква која ја доби својата независност од Руската православна црква.

Српската православна црква не ја признава МПЦ-ОА. СПЦ не ја признава и Украинската православна црква, а една од причините е и тоа што ова може да доведе до признавање на православна црква на Црна Гора и на МПЦ. Српскиот патријархот Иринеј изјави дека на почетокот на годинава ја одбил поканата да присуствува на инаугурацијата на поглаваратот на Србија за непризнаената украинска црква.

Верските црковни официјални лица и аналитичари сметаат дека ова е почеток на решавањето на многу отворени верски прашања, а украинскиот рецепт може да биде применет и во случајот со МПЦ. 

Неименуван извор за српска „Политика“ изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор“. „Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која је под закрила на српската црква“, пишува Танјуг цитирајќи го белградскиот весник.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.