Вучиќ го обожава Македонскиот јазик

Објавил: Македонка Димкин | 2 август, 2023 17:15

Вучиќ: Го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои

Фото/Текст извор: ©Фокус

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Прохор Пчински изјави дека се воодушевил кога слушнал луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик.

-Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија и Македонија веќе немаат отворени прашања.

-Веќе немаме никакви отворени прашања. Ние Србите ги сакаме Македонците, ја сакаме  Македонија. Ништо не бараме и ништо не ни е потребно, освен уште повеќе и подобро да соработуваме. Ги немаме ние тие ситни пречки „кој што кому пред или внатре му кажал, му покажал или не, рече Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.