Српскиот генерал Ратко Младиќ кој моментално се наоѓа во Хаг можно е овие денови да се врати на неколку дневна посета во Србија.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2018 13:58

Генерал Ратко Младиќ стигнува во Србија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Генерал Ратко Младиќ ќе побара од механизмот во Хаг да го ослободи на 4 дена како би го посетил гробот на неговата мајка и неодамна починатиот внук во Калиовник и ќерката во Белград.

Владата во Србија одлучи во петокот да издаде гаранција дека ќе го обезбедува Младиќ на својата територија и дека ќе го врати назад во притвор.Исто така направени се и безбедносни проверки и се гарантира дека генералот ќе биде под строга контрола на надлежните служби.

Иста гаранција даде и Република Српска.Одбраната на Ратко Младиќ треба во понеделник да поднесе барање на судот.

Процедурата е таква да пред одлуката на судот,обвинителството има рок од десет дена да го изнесе своето мислење за ова барање.И после тоа обвинителството ќе соработува меѓу себе дали на Младиќ ќе му биде дозволено да се врати во Србија.

Ратко Младиќ (српски: Ратко Младић), бил начелник на генерал-штабот на Војската на Република Српска, војска на босанските Срби, во текот на Граѓанската војна во БиХ од 1992-1995, а во моментот затвореник во Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, Холандија.

Прва мера е дека Младиќ ќе бара повремено пуштање од 10 до 14 декември како би присуствувал на давањето на спомен од 40 дена, од смртта на најблиската роднина,но поради кратките рокови тој ќе се обиде да бара други 4 дена, пишуваат српски новости.

Неговиот адвокат верува дека тие имаат голема шанса дека жалбата на првостепената пресуда, со кој Младиќ е осуден на доживотен затвор ќе биде уважена.

Стигна одговор од обвинителството на нашата жалба и на некои теми кои се расправаа, уклучувајќи и на пропустите од пресудата, а тие воопшто не одговорија. Тоа значи дека немаат аргументи да ги одбранат нашите докази изјави неговиот адвокат.

Тамо каде што се договоривме погрешно цитираа или пресуда или жалба,така да нивните наводи од обвинителството се бесмислени.

По Младиќ се води меѓународна потрага за да биде изведен на судење за обвинувањата за геноцид и воени злосторства во врска со опсадата на Сараево (1992-1995) и масакрот во Сребреница (1995) пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг.

 

Обвинителство ја криело документацијата.

Многу занимливо е дека обвинителството во Хаг одредена документација ја криело од одбраната.

Иако правилата наложуваат дека сите документи мора да се достават на оптужениот и адвокатите,тужилаштвото  за одредени документи , го направиле тек на крајот на процесот.

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.