Шпигел со нарачана вест удри по Вучиќ

Објавил: Македонка Димкин | 7 август, 2023 20:16

Германски Шпигел со нарачана вест: Вучиќ бил пироман

Фото/Текст извор: ©Шигел/ Магазин

Народот вели ем тепан ем ебан, така еден германски медиум кој живе од оние кои го плаќаат а сигурно не од вестите кои денес се читаат гратис, со остра реторика кон Вучиќ. Знаејќи дека Шпигел е дел од длабоката држава а на нив не им одговара политичар каков што е Вучиќ се поставува прашањето колку може да му се верува на ваков “едностран” медиум. Така Шигел пишува за се и сешто но не и за жртвите од операцијата Олуја, тоа нели беше пикник, е сега ако не спомнуваат 2000 жртви и прогонот кој го правеа Хрватите под капа на Нато како да им се верува за другото? Приказнава е многу едноставна …..

„Шпигел“ остро го критикува српскиот претседател Александар Вучиќ за автократските тенденции во неговата земја и неговата деструктивна улога во Косово, Црна Гора и во Босна и Херцеговина. Додека Вучиќ го поткопува мирот во регионот, Западот е премногу толерантен кон него. Особено Мирослав Лајчак – специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина, кој молчи за пропагандата на Вучиќ, пишува изданието.

Во своите медиумски настапи, Александар Вучиќ остава впечаток дека никој не ја цени неговата посветеност за мир и стабилност на Балканот. Но, германскиот магазин „Шпигел“ во својата опширна статија заклучува дека пироманот на Балканот има име: Александар Вучиќ. Секој што разбира српски и ја следи кампањата на режимот на Вучиќ со говор на омраза на ТВ-каналите, го разбира ова.

Шпигел ја цитира активистката за човекови права Соња Бисерко, која тврди дека за време на неговиот мандат Вучиќ ги уништува државните институции, го блокира социјалниот дијалог, го прави парламентот непотребен и ги дискредитира неговите критичари.

„Надворешнополитичкиот курс на белградскиот куклар е како одење по жица. Се прокламираат односи со Брисел и Вашингтон, но се негуваат и оние со Пекинг и Москва. Белград сè уште не се приклучил кон санкциите против Русија. Наместо тоа, малтретирањето на руските опозиционери кои побегнаа во Србија расте“,пишува „Шпигел“ во текстот насловен „Кукларот од Белград“,

Според германскиот магазин, САД го засилиле притисокот врз Србија, повикувајќи се на минатонеделните санкции против четворица политичари од Република Српска пред да биде погоден Александар Вулин, шефот на српското разузнавање.

„Она што Вучиќ не може или нема да го каже, го кажува Вулин. Тој го поддржува концептот на ‘српски свет’ инспириран од ‘рускиот свет’ на Владимир Путин. Вулин тврди дека единствена можност Балканот да остане стабилен е Србите да живеат во една држава, бидејќи, според него, ‘сите конфликти на Балканот почнуваат со дискриминација на Србите’,нагласува „Шпигел“.

Анкетите во Србија покажуваат дека 45 отсто од испитаниците го сметаат Владимир Путин за најдобар политички лидер во светот. По него – со значителна разлика – се рангира претседателот на Кина. Вучиќ се гледа себеси како портпарол на сите Срби, вклучително и на оние што живеат во Босна, Црна Гора и во Косово.

Сојузник на Вучиќ е „моќната Српска православна црква, која со железни штипки држи 15 милиони православни Срби низ светот“. Таа има централна улога во неговата пресметка со неистомислениците.

„Затоа Вучиќ го фаќа во замка свештенството, кое во 1990-тите беше критички ориентирано кон великосрпскиот деспот Слободан Милошевиќ – во чие време Вучиќ беше министер за информации“,се вели во текстот.

„Шпигел“ ја опишува и посетата на српскиот патријарх Порфириј на Грачаница на годишнината од косовската битка. Порфириј, кој е поддржувач на Вучиќ, тврди дека е посветен на мирот – мирот што Вучиќ го поткопува.

Секогаш кога Вучиќ ќе се најде под внатрешен политички притисок, тој ги ослободува своите бесни поддржувачи на северот на Косово, населен претежно со Срби. Во оваа покер-игра, Вучиќ го држи решението за косовското прашање како адут, пишува германскиот магазин во својата статија.

„Косово е Гордиев јазол во ткивото на Европа и адут на Вучиќ во покер-играта за моќ и синекура на Балканот. Легии на високи дипломати во име на Брисел или Вашингтон не успеаја да го решат тој проблем, а Вучиќ не мисли ‘под цена’ да се откаже од својот влог во преговорите“,е оценката на авторот на текстот Валтер Мајер.

Изданието го критикува и посредникот на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина, Мирослав Лајчак. Додека Вучиќ коментираше дека српскиот народ во Косово бил подложен на „најстрашниот прогон“ во последните 15 години, Лајчак не реплицирал, туку го пофалил „искрениот и отворен разговор“ со српскиот претседател.

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, „Шпигел“ потсетува дека во 2015 година, Вучиќ, тогашниот премиер на Србија, лично се појавил во Меморијалниот центар Поточари во близина на Сребреница.

„Таму се погребани речиси 7.000 муслимани кои беа убиени од српските војници и припадници на паравојската. Вучиќ мораше да побегне од гневните роднини на жртвите под полициска заштита“, пишува весникот.

„Шпигел“ го цитира Хасан Хасановиќ, преживеан од масакрот во Сребреница, а денес вработен во Меморијалниот центар, кој вели дека под водство на Вучиќ, негирањето на геноцидот било институционализирано. „Српската идеологија продолжува да живее, само го сменија името и сега ја нарекуваат „Српски свет“. Договорот за соработка во областа на образованието меѓу Србија и Република Српска во БиХ го оневозможува споменувањето на српските злосторства во Сребреница.

„Шпигел“ оценува дека со тој договор Вучиќ „поставил уште една експлозивна направа“ во 2020 година.

Нејасно е, се наведува, „дали и кога претседателот на РС, Милорад Додик, сериозно ќе го сфати својот план за разбивање на Босна и Херцеговина – тој геополитички експеримент, како што тој се потсмева – со отцепување на Република Српска“.

„Вучиќ зборува за ‘голема и сериозна криза’ во соседната земја, без да наведе како има намера да придонесе за смирување на тензиите. Наводно со Додик и со Порфириј се разговарало за ‘национално значење на српскиот народ’. Звучи како знаците да укажуваат на бура“,пишува германскиот магазин.

Цел на Белград е и Црна Гора. Според резултатите од неодамнешните истражувања, 32 отсто од населението на Црна Гора се декларираат како Срби. Уште повисок резултат се очекува на следниот попис. Медиумите предводени од Србија водат пропаганда во оваа насока. Пресметките на Белград се следни: колку повеќе етнички Срби има во црногорската статистика, толку поправедно е да се заштитат и да се договорат за нивната судбина.

„Путин го искористи овој стратешки пристап во случајот со руските граѓани во Грузија, Донбас и Крим. Вучиќ дава пасоши во Црна Гора, српските универзитети мамат со академски кариери, а српските пропагандисти уживаат особено позитивен третман: кога еден од нив се разболи, Вучиќ со хеликоптер го донесе на српска територија на лекување“,се нагласува во текстот на германски „Шпигел“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.