Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени

Објавил: Мате Парлоф | 27 мај, 2022 8:36

ГОЛЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА АТМОСФЕРАТА: Денес попладне и навечер, како и за време на викендот НЕВРЕМЕ ќе ја зафати Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Во почетокот од следната недела ќе имаме постабилно и посончево време, иако во попладневните часови не се исклучува можност за изолиран развој на нестабилност.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека уште малку пониски температури ќе имаме во недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...